ОГЛАС за упис во ПРВО одделение во учебната 2021/22 година

Република Северна Македонија

ООУ„Дебрца“ с. Белчишта
Бр. 03-184/1
21.04.2021

Врз основ на член 60 и член 183  од Закон за основно образование (Сл весник на РСМ 161/2019), ООУ „Дебрца“ с. Белчишта  на ден 21.04.2021 година го објавува следниов

О Г Л А С

ЗА УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНА 2021/22 ГОДИНА

  1. Уписите на ученици во прво одделение ќе се вршат во период од 03.05.2021 заклучно со 31.05.2021 година.
  2. Законски обврзници за запишување во прво одделение, се деца родени од 01.01.2015 до 31.12.2015 година.
  3. По исклучок од точка 2 на овој оглас во прво одделение може да се запише дете кое ќе наполни 6 години старост најдоцна до 31.01.2022 година, но по претходно барање од родителот/ старателот и добиено мислење од психологот во училиштето.
  4. Потребни документи за упис во прво одделение:
    1. Пополнета пријава за упис во училиштето;
    2. Извод од матична книга на родени /оригинал или копија;
    3. Медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа;
    4. Медицинска потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа. (Имајќи ја предвид моменталната состојба предизвикана од светската пандемија од вирусот COVID-19, доколку родителот не е во можност да обезбеди потврда во време на запишување на неговото дете, може да достави упат за офталмолошки преглед како доказ и медицинските потврди да ги достави веднаш по добивање на истите но не подоцна од започнувањето на учебната 2021/2022 година.)
  • Документите  заедно со пријавата се доставуваат во училиштето во период од 03.05.2021 до 31.05.2021 секој работен ден од 9 до 12 часот или по електронски пат преку апликација uslugi.gov.mk
  • За  запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
  • Образецот на пријава може да се добие од училиштето во печатена форма или електронски по барање од родителот на е маил адреса oudebrca@yahoo.com

Директор
Билјана Славевска