Дисеминација на обука за „Основи на алгоритам и кодирање“

Во рамките на Ерасмус+ проектот за мобилност на вработените во училишното образование беше извршена дисеминација на наставниот кадар на тема „Основи на алгоритам и кодирање. Учество зеде наставниот кадар од одделенска настава. Наставниците се стекнаа со знаења од областа на програмирањето и начинот како учениците од најрана возраст да се стекнат со таквите вештини. Дисеминацијата беше организирана од страна на наставник од предметна настава – Даниел Аврамоски, наставник од одделенска настава – Ирена Протугер, стручен соработник – Сања Наковска и Директорот на училиштето – Билјана Славевска кои присуствуваа на обуката во месец април во Истанбул, Турција.