ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И НЕГОВИ ЗАМЕНИЦИ

ООУ „ДЕБРЦА“ с. Белчишта

Општина Дебрца, Охрид

телефон : 046-286-003
  е-mail: ou-debrca-belchishta-debarca@schools.mk

ОТВОРЕН ПОВИК

ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И НЕГОВИ ЗАМЕНИЦИ

Според членот 68, став 8 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 година) ООУ „Дебрца“ – с.Белчишта, општина Дебрца објавува повик за избор на ученички правобранител и двајца негови заменици.

Ученичкиот правобранител е ученик кој ќе се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето.

Ученичкиот правобранител и неговите заменици ќе имаат обврска да ги промовираат детските права, да препознаваат прекршување на детските права во рамките на училиштето и да ги пријавуваат сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во училиштето и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител).

I.  УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на пријавување за ученичката функција ученички правобранител и заменици имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение.

II.  НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од кај психологот во училиштето или  од веб страната на училиштето.

Потребно е кандидатите да ја пополнат пријавата и да ја достават кај педагошко – психолошката  служба. Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 17.10.2025 година

III.  КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Училишна комисија (психолог и 2 лица назначени од Ученичкиот парламент) ги разгледува документите и врши селекција според следните критериуми: пол, возраст, основно познавање на детските права, мотивација за пријавувањето, комуникациски и организациски способности, вклученост во воннаставните активности.

Училишната комисија дефинира датум на избори, го објавува јавно на огласна табла на училиштето и ги организира изборите на ученички правобранител и двајца заменици. Ученичкиот правобранител и неговите заменици се избираат со мнозинство гласови од учениците од седмо до деветто одделение, по пат на тајно гласање.

IV.  ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЧКИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИТЕ

  • Учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба на училиштето;
    • Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
    • Прибирање на претставки / поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
    • Редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба.

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците е две учебни години (доколку правобранителот е 9-то одделение, неговиот мандат е една учебна година).

Среќно на сите кандидати!