Во рамки на Еразмус+ програмата-мобилност на наставен кадар во училишното образование,во нашето училиште се одржа дисеминација на обуката „Invlusive Education“ – ,,Инклузивно образование”, реализирана во Хелсинки, Финска.
На дисеминацијата наставниците имаа можност да се запознаат со клучните искуства и добри практики од финскиот образовен систем, со особен осврт на квалитетот на наставата, инклузивноста и современите пристапи во образованието.
Со споделувањето на новостекнатите знаења и компетенции, се овозможува нивна примена во нашата образовна практика со цел унапредување на наставниот процес и подобрување на ученичките постигнувања.


