Под менторство на наставничките Македонка Мувческа Кузмановска и Билјана Трајкоска, наш тим составен од шест ученици од седмо, осмо и деветто одделение од с. Белчишта и с. Лешани: Бисера Огненоска, Иван Бимбилоски, Јасна Петерска, Вероника Спироска, Андријана Огненоска и Јана Сиљаноска, беше дел од меѓународниот е твининг проект „Жива митологија“. На проектот учествуваа уште две други држави: Турција и Холандија. Целта на проектот е да се покаже како митологијата е основа не само на литературата туку и на животот, воопшто. Со фактот дека и денес митските приказни и ликови се дел од имиња на места, суштетства и појави, учениците откриваа низ разни Web2. 0 tools (алатки за веб дизајн), каде можат да ги сретнат тие имиња, како можат да ги применат, колку се запознаени со митологијата на нивните земја и колку сами можат да создадат митско суштетство или приказана за него. Учениците уживаа во подготовката на задачите во мешани групи, каде соработуваа со своите другарчиња од Турција и Холандија, притоа практикувајќи го и англискиот јазик, кој беше една од целите на проектот- подобрување на комуникациските способности со англискиот јазик. Учениците изработуваа логоа, постери, каде победници во нивни избор за проектот бевме и во двете категории, изработуваа видеа со анимирани ликови, создаваа свои митолошки ликови, се пронаоѓаа во своите омилени митски јунаци и за нив цртаа свои онлајн стрипови. Се обидоа во презентирање на легенди од својот роден крај, цртаа портрети и се забавуваа, а зедно со нив и ние наставниците. Со оглед на фактот дека овие проекти се онлајн, задоволството да се разговара со нашите партнери беше на огромно задоволство од трите страни. Проектот започна на почетокот на април 2021 и ќе траеше сѐ до 15 јуни 2021.За проектот сме наградени со Национална ознака за квалитет, и наставниците ментори и нашите ученици.
