Трето место на наши ученици во рамките на проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“

Во рамките на проектот Холокаустот низ призмата на детските очи во организација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на Холокаустот беше организиран натпревар за изработка на креативни честитки со порака до другарче жртва на холокаустот. Учениците од 9 одделение од ПУ Требеништа под менторство на наставничката Далиборка Симоновска освоија трето место и на 28 април 2022 на одбележувањето на меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот, на нашите ученици и на менторот им беа доделени дипломи и пригодни подароци. На настанот присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, Владата и Здружението на Евреите од Македонија. Настанот беше и медиумски покриен. Благодарност до Градоначалникот на Општина Дебрца за спонзорирањето на патувањето.