Општински натпревар по Математика

На 29-ти Февруари во Подрачното училиште во с.Требеништа се одржа Општински натпревар по математика на кој учествуваа ученици од 4-то, 5-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение.
На натпреварот беа постигнати следните резултати:
– Анастасија Тупанческа од 4то одделение под менторство на Пере Ристески освои трета награда,
– Викторија Печоска од 7мо одделение под менторство на Билјана Стефановска освои пофалница,
– Јана Сиљаноска од 8мо одделение под менторство на Павлина Гаврилоска-Палоска освои трета награда
– Јана Дуклеска од 9то одделение под менторство на Билјана Стефановска освои трета награда.
Им честитаме на учениците и нивните ментори и им посакуваме успех на учениците кои ќе учествуваат на регионалниот натпревар.