По повод патрониот празник на училиштето, беше распишан конкурс за избор на најдобри ликовни и литературни творби. Комисијата задолжена за прегледување на пристигнатите творби ги избра следните за најдобри:
Наградени литературни творби – одделенска настава (I-V)
I – Награда
Јан Анѓеловски IV одд.
ПУ с.Мешеишта
Ние сме деца на иднината
Да! Деца сме ние, но со голема должност,
иднината е наша одговорност!Земјата рај ќе ја направиме,
животот на сите ќе го разубавиме.
Ќе живееме во чиста средина,
на лицата сите ќе имаме ведрина.
Ќе нема болни,
со здравје ќе бидеме сите задоволни.
Ќе нема неписмени,
сите ќе бидеме супер бизнисмени.
Ќе нема војни,
ќе бидеме пријатели бројни.
Учители, наставници и родители,
на иднината сме ние децата, градители.
ЧУВАЈТЕ НЕ И УЧЕТЕ НЕ СИТЕ НАС,
ЌЕ НАПРАВИМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ И ЗА СИТЕ ВАС !!!
II – Награда
Сара Милошеска V одд.
ПУ с.Лешани
Деца на иднината
Ние сме деца на иднината,
секој со различни карактери,
а на таблет играме актери.
Ние сме деца на иднината,
секој го прави тоа што го сака,
а потоа од некого бараме помош и рака.
Ние сме деца на иднината,
растеме со технологија,
а потоа сме слаби по Биологија.
III – Награда
Викторија Станковска IV одд.
ПУ с.Оровник
Песна за детето
Дете драго и мило,
се што е најубаво на светот
во тебе се свило.
Твојата љубов невина и чиста,
над твојата глава
стои, како златна биста.
Светот од погледот твој
порака нека чуе,
детскиот џагор безгрижно
насекаде да зуе.
Злобата и омразата
насекаде да згасне,
секое срце во добрина
и среќа нека порасне.
Чујте го луѓе гласот на детето јасно,
говорот негов е нешто прекрасно.
Љубовта негова ве повикува,
нека ја снема омразата бодликава.
Наградени литературни творби – предметна настава (VI-IX)
I – Награда
Михаела Трпеска IX одд.
ПУ с.Требеништа
Ние сме деца на иднината
Ние сме деца на иднината,
нам планетата ние на прво место.
И иако знаеме дека нема да биде лесно,
светот во зелено да го обоиме.
Небото во синило да го натопиме,
насмеани лица да задржиме,
секому радост да донесеме.
За нас планетата земја,
е нашата татковина.
Во неа љубов ќе посееме
и среќа ќе жнееме.
II – Награда
Јована Тодороска IX одд.
ПУ с.Мешеишта
Ние сме деца на иднината
Ние сме деца на иднината
и сонуваме големи соништа.
Со сјај во очите ,
срца полни со надеж и радост,
смееме да се смееме и да љубиме.
Заедно сите ние,
ќе го градиме светот што го сакаме,
за да оставиме наследство светло и сјајно,
смееме да сонуваме, смееме да растеме.
Животот е поголем од нас, полн со приказни,
авантури и сонувања
и неверојатни доживувања што не чекаат само нас.
Истражувајте ги границите,
смејте се од срце
и сонувајте големи соништа,
зашто ние сме деца на иднината.
III – Награда
Ана Марија Аврамоска VII одд.
ООУ „Дебрца“ с. Белчишта
Ние сме деца на иднината
Сите ние деца црни, жолти, бели,
да бидеме среќни, радосни, смели.
Со книга постојано да се дружиме
и љубов бескрајна да пружиме.
Посакуваме во светот да има мир,
слободно да ги кренеме рацете кон небесниот шир.
Насмевки на лицето сите да имаме
и пораки нежни, убави да примаме.
Секој миг, секој нов ден,
да бидеме живи, здрави како дрен.
Соништата реалност да станат
и од секоја неволја и зло да не бранат.
Наградени ликовни творби
Теодора Иваноска VIII одд.
ПУ с.Требеништа

Николија Далческа IV одд.
ПУ с.Оровник
