Република Северна Македонија
ОOУ„Дебрца“с. Белчишта
Бр.03-154/2
12.05.2023
Општинското основно училиште „Дебрца“ с. Белчишта, Општина Дебрца согласно член 75 став 3 од Законот за основното образование (Службен весник на РСМ бр. 161/2019) и Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени и ученици при ООУ „Дебрца“ с. Белчишта, распишува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
за првенец на генерација во учебната 2022/2023 година
Право на учество за првенец на генерација имаат сите ученици од IX одделение кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Кандидатот да постигнувал среден успех 5.00 на крај на наставната година од IV до IX одделение;
- Кандидатот да бил оценет со примерно поведение на крај на наставната година од IV до IX одделение;
- Да учествувал на училишни, регионални, државни, меѓународни натпревари или проекти;
- Да не бил казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на школувањето во училиштето;
- Вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на годината да не биде поголем од 3 (за секоја учебна година одделно);
- Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес за учество во активности, промоции и проекти за унапредување на училиштето.
Предлог (номинација) за првенец на генерација може да даде одделенската заедница, одделенскиот раководител, предметен наставник кој изведува настава во таа паралелка, стручен соработник или ученикот сам да се кандидира.
Предложениот кандидат за првенец на генерација е должен до Комисијата за избор и прогласување на првенец на генерација и пофалени ученици да достави:
CV – кратка биографија и соодветна документација со која ја поткрепува кандидатурата, до 26.05.2023 година.
(Потребна е најава со @schools.mk сметка)
с. Белчишта Директор
12.05.2023 /___________________/
Билјана Славевска