Денес ООУ „ДЕБРЦА“ го слави својот Патронат!

Со пораката ,,Најдобар начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш”, денес ООУ ,,Дебрца” го прослави својот Патронат и покажа што остава во иднина: деца кои знаат да ја создадат, учејќи од минатите генерации. Со поздравен говор, директорката на училиштето, Билјана Славевска им се заблагодари на присутните, а учениците и нивните наставници со возбуда и радост ја покажаа својата замисла на иднината. Во насоки за здраво тело и здрав дух, во текот на вчерашниот ден се одржаа спортски натпревари во кои најголеми победници беа другарството и насмевките кај учениците и посветеноста на наставниците по Физичко и здравствено образование. Нека се множат уште долго успешните години на ООУ ,,Дебрца” и нека има иднина во која децата ќе ги рашират своите крила!