Бесплатни дигитални платформи, апликации и содржини за учење

Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.
Препорака на Министерството за образование и наука е да се практикува оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите.
Образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека училиштата и градинките се привремено затворени.

Повеќе може да прочитате на следниот линк…