Проект „Евакуација“

Денес во ООУ „Дебрца“ с. Белчишта започна реализацијата на проектот-показна вежба: „Евакуација од пожар и укажување прва помош“ со првата фаза, презентација на учениците за тоа како настануваат пожарите, што е важно да се знае за да се избегне пожар и како да се постапува во случај на пожар. На предавањето беа присутни учениците од  шесто до деветто одделение, наставниците координатори на проектот, Македонка Мувческа и Билјана Трајкоска. Показната вежба која е планирана заедно со ТППЕ Пожарна Охрид е замислена како обука за насоките на движење при евакуација, координарање на затекнатите субјекти во училиштето, управување и менаџирање со кризата до доаѓањето на Противпожарната единица, а потоа гаснење и спасување на лицата од симулиран пожар.