Постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување
Со овој правилник се уредува начинот на постапување при случаи на насилство злоупотреба и занемарување на ученици во основното училиште, како и механизми за нивно навремено пријавување и соодветна заштита на ученикот кој е засегнат.
Во согласност со законската регулатива и стручната практика, правилник користи термини како „жртва”, „сторител”, „сведок”, „набљудувач” и „контакт-лице”.
Со цел да се избегне стигматизација и да се задржи пристапот ориентиран ко поддршка, овие термини се користат во следнава смисла:
„Жртва на насилство” се однесува на ученик кој претрпел или бил изложен н форма на насилство. Во секојдневна комуникација се препорачува употреба н изрази како: „ученик на кој му е направена неправда”, „ученик кој бил повреден” ил „ученик кој се соочува со тешка ситуација”.
„Сторител” е лице, најчесто друг ученик, кое пројавува насилно или несоодветно однесување. Во комуникација се предлагаат термини како: „ученик ко повредил друг ученик”, „ученик со проблематично однесување”.
„Сведоци” и „набљудувачи” се лица кои присуствувале на инцидент на насилство, независно од тоа дали реагирале. Пожелни се термини како: „ученици кои биле присутни” или „ученици кои го виделе настанот”.
„Контакт-лице за пријавување насилство” е лице именувано од училиштето, задолжено за прием и обработка на пријави. Во секојдневна комуникација може да се користи и изразот „лице за доверба”.
Сите термини се користат во родово-неутрална форма и подеднакво се однесуваат на сите ученици, без оглед на пол, етничка припадност, јазик, вера, социјален статус или други лични карактеристики.
Во контекст на овој правилник, се утврдуваат и дефинираат следните клучни поими: A
Насилство претставува секое дејствие или пропуст што предизвикува штета, страдање или повреда на достоинството на ученикот. Се разликуваат следниве форми на насилство:
Физичко насилство: удирање, туркање, тепање, закани со предмети итн.
Емоционално/психичко насилство: исмевање, навредување, закани, потценување, манипулација ити.
Социјално насилство: исклучување, игнорирање, организирано отфрлање, ширење трачеви итн.
Сексуално насилство: допирање без дозвола, коментари со сексуална конотација, изложување, присилување на сексуални дејствија итн.
Кибернасилство: навредливи пораки, објави, дигитално вознемирување или изложување на ученик преку интернет итн.
Злоупотреба означува користење на ученикот во цел или на начин што е вклучувајќи сексуална штетен за неговото здравје, безбедност или развој злоупотреба, експлоатација, манипулација или злоупотреба на моќ.
Занемарување е неисполнување на обврските кон ученикот од страна на родител, старател или друго лице, што доведува до пропуштање на грижата за неговите основни потреби – физички, образовни, здравствени или емоционални.
Контакт лице во училиштето за пријавување на насилство:
Дарко Блажески – одговорно лице
Наташа Мироска-Ламбески – заменик
Начин на пријавување:
Email: prijavinasilstvo@ooudebrca.edu.mk
Tелефон: 071-235-797
Онлајн на веб страната на ООУ “Дебрца” со кликање на ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО.
