На 29.09.2025 година се реализираше конститутивна седница на Ученички парламент.
Директорот и психологот на училиштето ги запознаа учениците со работата на Ученичкиот парламент, која е неговата улога и даде насоки за негово понатамошно работење.
Преку електронско гласање за Претседател на Ученичкиот парламент од вкупно 4 пријавени кандидати беше избрана ученичката Леона Тороманоска IX одделение од ПУ Мешеишта, за Заменик-претседател беше избрана ученичката Ана Марија Аврамоска IX одделение од ООУ„Дебрца“ с. Белчишта. Истите ќе бидат и претставници во Училишниот одбор на училиштето. За Секретар беше избран ученикот Лука Тороманоски VII одделение од ПУ Мешеишта ќе биде претавник во Советот на родители и Наставничките совети. На избраните ученици му пожелуваме успешна работа и достојно претставување на ученичките права.