Проект „Поддршка на инклузивното образование со иновативни алатки“

Во рамките на Еразмус + КА101 програмата-мобилност на наставен кадар во училишното образование,во просториите на ООУ,,Дeбрца”с.Оровник се одржа дисеминација на обуката ,,Поддршка на инклузивното образование со иновативни алатки” која се оддржа во Барселона,Шпанија. Целите на оваа обука беа зголемување на компетенциите на наставниците за работа со ученици со интелектуална попреченост и аутизам и воведување на иновативни алатки во нивното образование. Дисеминацијата на стекнатите знаења и вештини ја вршеа наставници, учесници во проектот: Даниел Аврамоски, Јања Илоска, Билјана Славевска, Сања Наковска, Ирена Протугер. На дисеминацијата учесниците ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на обуката во Барселона, Шпанија.