Училишен ѕвон

Проект:Училишен ѕвон 

Вид на активност Училишен проект 
Наслов на активноста Училишен ѕвон 
Наставник реализатор и вклучени наставници Реализатор: Милена Јолакоска-Спасиќ Вклучени наставници: Соработка при реализација на новинарските содржини, како интервјуа, и анкети, предвидени со планот за оваа година, ќе се остварува според конкретниот план и тековни идеи. 
Вклучени ученици IX одделение од ПУ. Требеништа 
План за реализација Новинарско-литературната секција работи во текот на целата година, со посебен нагласок на новинарскиот дел во текот на второто полугодие. Од март месец, а со претходна организација, се започнува со реализација на планот за работа, предвиден за оваа година. Се реализираат основните новинарски видови како Репортажи, Патеписи, Интервјуа, Анкети, Посети на места, соработка со училишните органи, соработка со локалната средина, Извештаи за остварени акции и планови, подготовка на забавни делови, како мода и музика, и Фотографијата, како важен дел во креирањето и илустрирањето на едно списание, страница или новинарски портал. (Во зависност од условите, понатамошната работа на издавањето на весникот, продолжува и како интернет страница) 
Временска рамка Февруари, Март, Април, Мај и Јуни 2021 год. 
Начин на финансирање  Самофинансирање 
Очекувани резултати Развивање на љубов кон новинарскиот позив, развивање на талентот за пишан збор и фотографија, збогатување на знаењата од областа на новинарството и основните новинарски видови, развивање на комуникациските способности и интеракција, поттикнување на желбата за истражување и пишување. 
Доказни материјали -Весник -Списание – Интернет страница -Фотографии -Годишен извештај за реализацијата на воннаставната активност -Изработки на ученици  -Промоција Весник – Интернет страница