Училишен проект-Патуваме и учиме за сообраќајот
Вид на активност | Училишен проект |
Наслов на активноста | Патуваме и учиме за сообраќајот |
Наставник реализатор и вклучени наставници | Реализатори: Сања Наковска-психолог Ирена Протугер-Одделенски наставник Вклучени наставници: Одделенските наставници од I до V одд. |
Вклучени ученици | Учениците I до V одд. |
План за реализација | I Етапа Планирање и организирање ( Август 2020) II Етапа Проектен план Одговорните наставници изработија проектен план кој ќе го достават до директорот за негово одобрување III Етапа Известување на родителите и учениците (септември 2020) ПрезентацијаПрибирање на податоци од родителите за познавањето на сообраќајната култура IV Етапа Почеток на проектот Запознавање на учениците со целите на овај проект и изработка на задачаПрезентација V Етапа Посета Запознавање на учениците со воздушен и воден сообраќај (Посета на аеродромот Апостол Павле и возење со брод по Охридското Езеро) Разгледување и запознавање со воздушните и водените сообраќајни средства VI Етапа Посета Запознавање на учениците со железничкиот сообраќај (возење со воз)Разгледување и запознавање со железничките превозни средства VII Етапа Посета на сообраќаен полицаец Запознавање на учениците со сообраќајната култура и правилата во сообраќајот Разговор VIII Етапа Презентирање на финалниот продукт (април) Заедничка презентација на ученицитеСе презентира проектот. |
Временска рамка | Во текот на целата учебна година 2020/2021 |
Начин на финансирање | Самофинансирање (ако има можност и средства и општина Дебрца) |
Очекувани резултати | Сообраќајна едукација на децата и родителите и запознавање на децата со основните правила и прописи во сообраќајот и нивно оспособување за препознавање на ризиците и опасностите во сообраќајот. Потребата од подобра сообраќајна едукација и промената на навиките и културата на однесување во сообраќајот се главниот инструмент за унапредување на сообраќајната превенција.Младите треба да бидат едуцирани систематски и континуирано од рана возраст со цел долгорочно да создадеме учесници во сообраќајот кои правилно ќе се однесуваат и ќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. |
Доказни материјали | -Фотографии -Извештај за реализацијата на проектот -Полугодишен извештај -Годишен извештај -Изработки на ученици (хепенинг, изложба, постер…..) |