Вид на активност | Училиштен проект |
Наслов на активноста | Показна вежба „Евакуација од пожар и укажување прва помош“ |
Наставник реализатор | Реализатори: Македонка Мувческа Кузмановска и Билјана Трајкоска Во проектот може да се вклучат предметни и одделеннски наставници и стручни служби, дополнително. |
Вклучени ученици | Цело училиште |
План за реализација | Проектот е планиран да се изведе септември – октомври 2021 и во проектот ќе бидат вклучени ТППЕ Пожарна – Охрид, Црвен Крст – Охрид, Општина Дебрца и можност за вклучување на МВР. Прва фаза: Запознавање на учениците со опасности од појава на пожар (презентација и предавање) Втора фаза: Симулација на пожар, спасување (евакуација) и санирање на повредени и укажување прва помош (показна вежба) Трета фаза: Изработка на слики, презентации, ѕиден весник, известување во јавни гласила итн. |
Временска рамка | Септември – октомври 2021 |
Начин на финансирање | Донации и спонзорства |
Очекувани резултати | Учениците да умеат да препознаат опасност, да знаат навремено да реагираат, внимавајќи на својата безбедност и безбедноста на другите, да знаат на кого да се обратат и кого да побараат за помош, да умеат да го совладаат стравот и паниката и безбедно да се тргнат од опасноста. |
Доказни материјали | ФотографииНеделен извештаиИзработки на ученици Промоција (хепенинг, изложба, постер, презентација …) |