Училишен проект ,,Во светот на бајките,,
Вид на активност | Училишен проект |
Наслов на активноста | Во светот на бајките |
Наставник реализатор и вклучени наставници | Релизатор: Татјана Новеска Вклучени наставници: Оделенските наставници од I – II одделение од ПУ Мешеишта и ПУ требеништа одделенија од с. Оровник |
Вклучени ученици | Учесници во рецитаторска и драмска секција од VI – IX одделение |
План за реализација | 1-Дел Подготовка на учениците на часовите кои ќе се реализираат на часовте по секција . Учениците ќе бидат вклучени во изборот и начинот на реализација на проектот . 2-Дел Презентирање на наученото пред публика , односно читање со глумење на учениците од I и II одделение . 3-Дел реализацијата ќе се врши во три фази 1.ПУ Мешеишта ; 1.с.Оровник и по можност заедничка претстава за сите ученици . |
Временска рамка | Едно полугодие ( поради настанатата ситуација со КОВИД 19 , активностите ќе се реализираат според можностите како ќе дозволуваат ) |
Начин на финансирање | Училишни средства , доклоку се наиде на соработка со театарот од Охрид како позјмување на костими и сценографија . |
Очекувани резултати | Учениците да се поттикнат да читаат ; да развијат љубов кон книгата преку игра ; да умее да ги користи правописните и интерпукциските знаци во читањето ; секоја прочитана книга отвара нови можности во развојот на децата ; да се подобри читањето кај првооделенците – колку подобро чита , повеќе го разбира прочитаното . Да сакаат да земат учество во самата претстава или во читањето на нивната омилена бајка . |
Доказни материјали | Реализираните активности со учениците од I и II одделение , фотографии , сценска изведба . Изработка на видео материјал и сликовница од активностите . |