Подобрување на конзервација на приоритетни растенија во меѓуграничната област CONSE-PP

Денеска во просториите на ПУ Требеништа се одржа презентација на тема: „Подобрување на конзервација на приоритетни растенија во меѓуграничната област CONSE-PP” каде што партнери од македонска страна се општина Дебрца, Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменска област „Јасен“ и универзитет Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје – Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и Еко инженеринг. Презентацијата ја следеа сите ученици од 9 одделение.