Мисија

Да ги промовира и натаму да ги развива образовните и воспитните цели. Да ги следи научните достигнувања и иновации преку примена на принципите на квалитет. Секој ученик е своја индивидуа. Нашата мисија е училиштето да предводи и поттикнува промени со нови и алтернативни решенија за секој ученик да може да ги истакне своите квалитети, економичност и одговорност.

 Вредности и принципи: 

 – Партиципација (учество и вклученост) на наставниците, учениците, стручната служба, директорот, родителите, Локалната самоуправа – подразбира вклученост во процесите на одлочување на сите кои имаат легитимен интерес во прашањата кои ги засегаат.  

– Транспарентност и одговорност (јавност, отвореност, отчетност) подразбира јавна проверка, контрола и отвореност. Нужно е таа да биде пропратена со постоење механизми кои обезбедуваат одговорно однесување на сите учесници кои се вклучени во образовниот и воспитниот процес на училиштето.  

– Партнерство (соработка), подразбира односи на соработка меѓу вклучените страни кои се согласуваат да ги споделуваат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел – добри и успешни ученици – промовирано училиште.  

– Толеранција е спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите. Оваа вредност е клучна за стабилноста на односите помеѓу наставник – ученик, ученик – ученик, наставник – родител, директор – наставник – ученик – родител. – Еднакви можности за сите вклучени чинители во училиштето; без дискриминација и/или фаворизирање на други.