Стручни соработници

Стручните соработници во училиштето извршуваат разни активности во текот на учебната година како:

  • запишување на учениците и следење на нивниот развој во училиштето,
  • реализација на активности со учениците,
  • професионална ориентација/кариерен развој на учениците,
  • учество во планирање на воспитно-образовна работа на ниво на училиште,
  • поддршка во планирање и реализација на наставата,
  • поддршка на стручните активи на наставниците во избор и создавање на дидактички средства и материјали,
  • поддршка на наставниците за работа со учениците,
  • поддршка на наставниците за водење на педагошката документација и евиденција,
  • развивање на програми за унапредување на работата на училиштето (подобрување на резултатите и постигањата на учениците, инклузија, интеграција,
    интерклутура, демократско учество во работата на училиштето и сл.),
  • развивање постапки и инструменти за следење и вреднување на постигањата на учениците и самовреднување на училиштето,
  • учество во планирање, организирање и реализација на сопствениот професионален развој и на професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар во училиштето,
  • соработка и работа со родители/старатели,
  • поддршка на работата на училишна заедница на учениците,
  • примена на прописите за остварување на правата и должностите на учениците, напредувањето и изрекувањето на педагошки мерки,
  • организирање на педагошка и методска практика на студенти,
  • организирање и водење на работата на училишната библиотека,
  • водење на професионални досиеја и
  • вршење на други работи определени со годишната програма за работа.

Сања Наковска
-Психолог-

Лилјана Аврамоска -Библиотекар-