Наставничкиот совет на основното училиште го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето.
Наставничкиот совет го свикува и со него претседава директорот.
Наставничкиот совет на основното училиште:
- дава мислења по предлогот на прогамата за развој и на годишната програма за работа и го следи нејзиното извршување,
- го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи,
- им одобрува на учениците побрзо напредување во основното училиште,
- го разгледува остварувањето на наставниот план и програмите и презема мерки за нивно извршување,
- донесува одлуки по приговори на учениците за утврдени оценки,
- го разгледува извештајот од реализација на годишната програма за работа, од самоевалуација, од извршената интегрална евалуација и предлага соодветни мерки,
- расправа и одлучува за стручни прашања поврзани со воспитно-образовната работа,
- дава мислење за годишниот финансиски план на училиштето,
- избира претставници во училишниот одбор,
- дава мислење за планирањето, реализацијата и вреднувањето на постигањата во наставата и учењето,
- го усвојува интерниот распоред за екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците,
- го разгледува годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и предлага соодветни мерки,
- дава предлози за напредување на наставниците и стручните соработници на училиштето,
- одлучува за воспитни мерки и – врши и други работи утврдени во статутот на училиштето.