Директор

Директор:
Билјана Славевска

Да се раководи со едно училиште не е лесно и едноставно. Одговорноста е голема и комплексна. Потребен е приод, кој го имате вродено или ќе треба да се помачите да го развиете во вас. Тоа би ви овозможило да ги разберете децата во секој период од нивното растење, а возрасните (вработените) поддршка во нивниот  професионален развој и меѓу човечкиот однос.

Едно од најубавите нешта е да се работи со деца. Нема ништо поубаво од сјајот во детските очи и широката детска насмевка. Треба да бидеме модел за детето, за тоа да се огледа на нас. Ги сакам децата затоа што го гледаат светот и себе си во прекрасно магично огледало на нивната имагинација.

– Нашето училиште е средина која дава поддршка на индивидуалниот развој на учениците, професионалниот развој на наставниците што заедно резултира со ефикасност и задоволство на сите волумени во воспитно-образовниот процес.

– Ние нудиме константност во квалитетот на учење и поучување, користејќи современа образовна технологија и почитувајќи ги индивидуалните карактеристики на учениците.

– Ќе настојуваме работата да се темели на детските права, инклузивност, ефикасност, здравје, сигурност и безбедност во која сите деца ќе напредуваат според своите индивидуални способности, како и на ефикасната партиципација на сите вклучени во неговата работа.

– Сакаме нашето училиште да биде стимулативна и безбедна средина, по мерка на потребите и интересите на учениците, а на задоволство на сите заинтересирани од ефикасноста, современоста и квалитетот на наставноста. Нашето училиште да биде лидер и иновативно- модел училиште. 

Им порачувам на младите генерации да бидат горди и со кренати глави да чекорат напред!