П: Какви карактеристики на компјутер треба да поседувам, за да можам без проблеми да работам на националната платформа?
О: Со каков вид на компјутерски уред може да се следи настава на далечина од дома детално е објаснето на СЛЕДНИОТ ЛИНК…
П: Како да инсталирам Micorosoft Teams за да држам онлајн час?
О: Упатство за инсталација на Microsoft Teams ќе најдете на СЛЕДНИОТ ЛИНК…
П: Како да се најавам на платформата?
О: Упатство за најавување на платформата ќе најдете на СЛЕДНИОТ ЛИНК…
П: Каде можам да најдам детална презентација за како да ја користам платформата?
О: Презентацијата за ученици и родители може да ја видите на СЛЕДНИОТ ЛИНК…
П: Кој има пристап и може да се најави на Националната платформа за далечинско учење?
О: Сите наставници кои моментално изведуваат настава и сите ученици во ООУ „Дебрца“ имаат пристап до националната платформа за учење.
П: Немам корисничко име и лозинка од кого треба да побарам?
О: Ученикот ќе треба да се обрати до Класниот/одделенски раководител, а наставникот до администраторот на ЕСАРУ на ООУ„ДЕБРЦА“.
П: Кога ќе се најавам ми недостига предметот/паралелката во која учам/предавам!
О: Ученикот ќе треба да се обрати до класниот/одделенски раководител, а наставникот до администраторот на ЕСАРУ на ООУ„ДЕБРЦА“.
П: Како оди постапката при првото најавување?
О:
1. Во некој од прелистувачите ја внесуваме адресата lms.schools.mk .
2. Кликнете на копчето „Најави се“;
3. Внесете го корисничкото име во формат сличен на „ab123456@schools.mk“
4. Внесете ја привремената лозинка која ви е дадена;
5. Внесете ја привремената лозинка и двапати новата лозинка што сакате да ја користите понатака;
*Напомена: Ве молиме пред да ја направите горенаведената постапка одјавете се од сите Microsoft акаунти кои сте ги имале претходно.
П: Што ќе се случи ако ја заборавам лозинката?
О: Најважно е да го помните корисничкото име. Тоа не се менува. Ако ја загубите лозинката треба да пријавите кај класниот/одделенски раководител. Ако наставник ја загуби лозинката треба да се обрати до ЕСАРУ администраторот на ООУ„ДЕБРЦА“.