Учество во Е твининг проект- „Математичко патување низ природата и историјата“

Под менторство на наставничките Македонка Мувческа Кузмановска и Билјана Трајкоска, наш тим составен од ученици од шесто и осмо одделение од с. Белчишта: Мартина Цветаноска, Никола Дукоски, Петар Левски, Јасна Петреска и Вероника Спироска, беше дел од меѓународниот е твининг проект „Математичко патување низ природата и историјата“. На проектот учествуваа уште три други држави: Турција, Јордан и Хрватска. Целта на проектот е да се покаже како математиката е основа на природата, а може да биде дел од историјата и дел од животот, воопшто. Уште една цел на проектот е учениците критички да размислуваат во пронаоѓање практични решенија на зададените проблеми, да научат да ги бараат основите на математиката во историјата, пресметувајќи го времето од најстарите цивилизации до денес, истражувајќи антички и средновековни математичари во мешани групи со ученици, нивни другарчиња од претходно посочените земји. Нивните залагања беа и во доменот на претставување на својот роден крај од аспект на историјата, музеите и археолошките пронајдоци низ Дебрца и Охрид, сето тоа поткрепено со низа состаноци и „прошетки“ низ Web 2.0 tools ( веб алатки) кои учениците соврешено ги користеа. Учениците истражуваа за Белчишкото Блато како заштитен споменик од природата, ги претставуваа неговите ретки, ендемски видови, мереа преку сенки дијаметар на дрва, правеа постери и логоа за проектот при што нивниот постер беше избран за најдобар, создаваа свои дела за Денот на животната средина, за Денот на детето, соработуваа со своите пријатели практикувајќи го и подобрувајќи го англискиот јазик и промовирајќи ги своите мултикултуралистички убедувања. Особено беше интересна виртуелната тура на поставката на Археолошкиот музеј на Македонија „100 години требенишка маска“ која е пронејдена токму на наше тло, во Требеништа.На тој начин, преку учество во овој проект учениците ја сфатија математиката не само како наука, туку и како начин за забава. Проектот започна во април и траеше сѐ до 15 јуни.За овој проект во јули нашиот тим, наставниците и учениците добија Национална ознака за квалитет.