Вид на активност | Меѓународен еТвининг проект |
Наслов на активноста | Жива митологија |
Наставник реализатор | Македонка Мувческа Кузмановска, Билјана Трајкоска |
Вклучени ученици | Бисера Огненоска, Андријана Огненоска, Јана Сиљаноска, Вероника Спироска; Јасна Петреска и Иван Бимбилоски |
План за реализација | 1 дел: Претставување на учениците и наставниците на еТвининг, запознавање со целите на проектот и поделба на активности; 2 дел: Откривање на митологијата во секојдневниот живот преку литературата и уметноста. Истражувања за легенди и митови, митски јунаци. Креирање сопствени митови и јунаци, преку игри и митови со Web 2 tools, изработка на стрипови, насловни страни, видеа, анимирани филмови, изработка на речник, календари и часовници со митолошки јунаци, кои од страна на учениците беа прифатени со огромно задоволство. 3 дел: Изготвување на краен производ: https://www.storyjumper.com/book/read/109977226/Mythology-is-everywhere-in-our-lives-We-discovered-it-together |
Временска рамка | Април – јуни 2021 |
Начин на финансирање | Самофинансирање |
Очекувани резултати | Откривање дека митологијата е основа и на нашата сегашност, односна дека е жива и е присутна во секојдневието, митските јунаци и денес се поттик за нови победи во спортот, природата, уметноста, животот. Подобрување на англискиот јазик, употреба на ИКТ, меѓусебни дружби на учениците преку онлајн состаноци, запознавање со други култури и сфаќање дека колку и да сме различни имаме исти интереси, погледи на живот и желба да се направи светот поубаво место за живеење. |
Доказни материјали | Изработени логоа и постери, огласна табла, facebook, youtube, училиштен сајт и еТвининг сајт. https://www.storyjumper.com/book/read/109977226/Mythology-is-everywhere-in-our-lives-We-discovered-it-together Проектот е награден со Ознака за квалитет од Националниот сервис за поддршка на еТвининг. |