Република Северна Македонија
ООУ„Дебрца“ с. Белчишта
Бр. 08-135/1
20.04.2023
Врз основ на член 60 и член 183 од Закон за основно образование (Сл весник на РСМ 161/2019), ООУ „Дебрца“ с. Белчишта на ден 20.04.2023 година го објавува следниов
О Г Л А С
ЗА УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНА 2023/24 ГОДИНА
- Уписите на ученици во прво одделение ќе се вршат во период од 02.05.2023 заклучно со 31.05.2023 година.
- Законски обврзници за запишување во прво одделение, се деца родени од 01.01.2017 до 31.12.2017 година.
- По исклучок од точка 2 на овој оглас во прво одделение може да се запише дете кое ќе наполни 6 години старост најдоцна до 31.01.2024 година, но по претходно барање од родителот/ старателот и добиено мислење од психологот во училиштето.
- Потребни документи за упис во прво одделение:
- Пополнета пријава за упис во училиштето
- Извод од матична книга на родени /оригинал или копија
- Медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна установа
- Потврда за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна установа Ј.З.У. Здраствен дом-Охрид (закажување на 078/ 38 45 57)
- Медицинска потврда за извршен офталмолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа.
- Документите заедно со пријавата се доставуваат во училиштето во период од 02.05.2023 до 31.05.2023 секој работен ден од 9 до 12 часот или по електронски пат преку апликација uslugi. gov.mk
- За запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
- Образецот на пријава може да се добие од училиштето во печатена форма или електронски по барање од родителот на е маил адреса ou-debrca-belchishta-debarca@schools.mk
Директор
Билјана Славевска