„Креативни пријатели со допишување“ Creative Penpals

Нашето училиште учествуваше во еТвининг проект наречен „ Creative Penpals “ кој опфаќа ученици од Португалија, Шпанија, Турција, Полска и Македонија и со кој учениците го практикуваа пишувањето на англиски јазик низ разни активности во мај и јуни месец 2021 година. Учениците Мартина Цветаноска, Бисера Огненска, Петар Сиљаноски и Иван Бимбилоски под менторство на наставничките Македонка Мувческа Кузмановска и Билјана Трајкоска беа дел од мешаните групи и заедно со своите другарчиња од наведените земји создаваа свои приказни. Приказните некој ги започнуваше, а другите ученици ги продолжуваа, создавајќи совршена сторија на дадена тема.
Учениците ги исполнуваа своите задачи на падлети, притоа употребувајќи WEB 2.0 tools, со што ги подобруваа не само своите способности да комуницираат и пишуваат на англиски јазик, туку и да користат нови методи и компјутерски техники.
Целите на проектот беа исполнети со самото нивно учество, да ги покажат и подобрат своите комуникациски способности на англиски јазик, да употребуваат веб алатки за креирање лого, постер и да ги покажат своите писателски способности. Како финален произввод беше создадена е- книга со сите приказни од мешаните групи под наслов „Сите деца раскажуваат иста приказна“.
https://twinspace.etwinning.net/179064/pages/page/1618315
https://twinspace.etwinning.net/179064/pages/page/1618319
https://www.canva.com/design/DAEdvFGBXFg/PsFoi7chmRfESlJUBFqlKw/watch?utm_content=DAEdvFGBXFg&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=publishsharelink