На 02.11.2020 година се реализираше конститутивна седница на Ученички парламент.
Директорот и психологот на училиштето ги запознаа учениците со работата на Ученичкиот парламент, која е неговата улога и даде насоки за негово понатамошно работење.
Преку електронско гласање за Претседател на Ученичкиот парламент од вкупно 7 пријавени кандидати беше избрана ученичката Викторија Печоска VIII одделение од ПУ Требеништа, за Заменик-претседател беше избрана ученичката Јасна Петреска VIII одделение од ООУ„Дебрца“ с. Белчишта. Истите ќе бидат и претставници во Училишниот одбор на училиштето. За Секретар беше избран ученикот Бобан Мијакоски IX одделение од ПУ Требеништа кој заедно со ученичката Андријана Огненоска IX одделение од ПУ. Лешани ќе бидат претставници во Советот на родители и Наставничките совети. На избраните ученици му пожелуваме успешна работа и достојно претставување на ученичките права.
На следниот линк ќе можете да ги следите сите активности поврзани со ученичкиот парламент: