Откако ни беа доставени кориснички имиња и лозинки за пристап целиот наставен кадар, од 21-23 септември согласно агендата и фазите за обука на наставниот кадар во нашето училиште беше извршена дисеминација на обуката за работа во Националната платформа за далечинско учење. Првиот ден од агендата се вршење претставување на сите можности кои ги нуди платформата каде што зедоа учество училишните обучувачи: Даниел Аврамоски, Жаклина Милошеска, Павлина Г.Палоска и Ирена Протугер. Следните два дена дисеминацијата се одвиваше во вид на работилници со практична работа на платформата.