Учениците од ООУ„ДЕБРЦА“ седнуваат во училишните клупи и ќе следат настава со физичко присуство

После добиена официјална согласност од надлежните институции нашите ученици седнуваат во училишните клупи под посебни протоколи. Имено на почетокот на учебната година училиштето доби делумна согласност за настава со физичко присуство, каде учениците од 6-9 одделение од подрачните училишта во Мешеишта и Требеништа ја започнаа учебната година онлајн. После дополнително барање до институциите дека поради бројноста на учениците и просторните капацитети имаме услови за целосно одржување настава со физичко присуство, добивме согласност и тие одделенија почнувајќи од 7.10.2020 да ја продолжат наставата во своите училници. Нашето училиште изготви посебни распореди на доаѓање и заминување и целосно се преорганизира за да бидат запазени сите напатствија дадени од надлежните институции. Особена благодарност до Општината Дебрца која учествуваше во набавката на потребните материјали како маски, подлоги, средства за дезинфекција и сл. Апелираме до учениците, родителите но и до целиот наставен кадар и технички персонал да се придржуваат на мерките за да создадеме безбедна средина за сите учесници во образовниот процес.